Македонија
27. September 2022 - 9:51

Министерот Сали во посета на Клиника за пулмологија

 Министерот за здравство Беким Сали денеска ќе ја посети Универзитетската клиника за пулмологија, по повод обезбедена нова медицинска опрема – кислородни концентратори.

Опремата, како што соопшти Министерството за здравство, е обезбедена со поддршка од Islamic Relief USA, и локалниот партнер на проектот „Калири и Миресисе” – „Класје на добрината”.