-->
-->
Министерот Сали посети Украинка, која се породи во болницата во Чаир
-->
Министерот за здравство Беким Сали на својот фејсбук профил објави дека денеска ја посетил Украинката Оксана, која се породила во Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир.
– Убави вести ни доаѓаат од Гинекологија во Чаир, Оксана од Украина на свет донесе девојче, тешко 3,8 кг и долго 54 см. Оксана и новороденчето се во добра состојба, тимот од гинеколози, педијатри и медицинските сестри се грижат за нив и тие се во сигурни раце. Во разговорот со Оксана, таа ме информираше дека е задоволна од здравствената услуга и дека одлично се чувствува. И посакав добро здравје и многу среќни моменти, напиша Сали.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муцунски со Баро - Повеќе соработка
-
Гаши: Пратениците имаат право на интерпелација против секој носител на јавна функција
-
Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица
-
Славески: Стабилен денар и ниска инфлација
-
11 годишни момчиња се најчесто жртви на врсничко насилство
-
Приватните автобуси повторно возат, велат дека од ЈСП добиле пари за до понеделник
-
Министерката Јаневска ефекти од едносменската настава очекува од септември
-
Преглед на вестите од светот