Министерот Османи во работна посета на Србија
Шефот на дипломатијата Бујар Османи денесќа ќе престојува во работна посета на Србија, при што ќе има средби со својот домаѓин, министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, со српскиот претседател Александар Вучиќ, со претседателот на Народното собрание, Ивица Дачиќ и со премиерката Ана Брнабиќ.
Како што соопшти МНР, на средбите ќе се разговара за состојбата со билатералните односи, можностите за нивно интензивирање и продлабочување со нови форми и содржини од заемен интерес, посебно во областа на економијата и трговската размена, во која веќе Србија претставува наш значаен партнер.
– Воедно, соговорниците ќе разменат мислења во врска со актуелните состојби во нашиот регион, регионалната соработка, како и предизвиците и перспективите на државите во однос на процесот на интеграција во европските и евроатлански структури и можностите за соработка и меѓусебна координација. Во услови на сложена пандемија и започнување на процес на вакцинација, ќе бидат разгледани напорите и активностите на двете влади во справувањето со последиците и ограничувањата во борбата со вирусот Ковид-19, како и меѓусебната соработка и координација на тој план, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Замрзнати вработувањата во администрација
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата
-
Училиштата во Општина Карпош и натаму без парно греење
-
Тестираните за „Птичји грип“ се негативни
-
Санкции за смртта на 14-месечното бебе
-
Почна вакцинацијата против сезонски грип – денеска термин добиле 5.700 граѓани
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата