Македонија
14. July 2022 - 10:02

Министерот Николовски ја скрши раката

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на Фејсбук објави дека паднал од велосипед при што ја скршил раката.

- Кај нашиот народ обично се вели “крши нога” за среќа и успех. Вчера попладне спортувајќи, по пад од велосипедот имам скршеница на раката. За среќа повредата не е сериозна и веќе утре им се враќам на работните обврски. Благодарност до лекарскиот тим и сите кои се грижите за мене. Благодарност и до отец Дејан Апостоловски и неговата сопруга, кои беа во моментот на мојата несреќа и ми помогнаа. - пишува Николовски.