Министерот Муцунски ќе учествува на заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска ќе учествува на заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ (ФАК) заедно со шефовите на дипломатиите на земјите членки на Унијата и државите од Западниот Балкан.
На делот од заседанието на Советот на кое ќе учествува Муцунски, како што соопшти МНР, ќе стане збор за евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, како и за модалитетите за зајакнување на соработката и присуството на ЕУ во регионот.
Со заседанието на Советот претседава високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
Покрај учеството на ФАК, во рамки на посетата на Луксембург, Муцунски ќе присуствува на аудиенција кај луксембуршкиот голем војвода Анри, а на покана на заменик премиерот и министер за надворешни работи и надворешна трговија на Луксембург, Ксавие Бетел и на работна вечера со министрите за надворешни работи од членките на ЕУ и земјите од Западен Балкан.
Муцунски од Луксембург ќе отпатува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и со високи претставници на Европската унија.
Ново на Сител
-
ЕВРО2024: Тројца избодени со нож во фан зона во Штутгарт
-
Отстранети 40 кубни метри отпад од дива депонија на „Пластичарска“
-
Сараево: Ги убил братот и снаата, ја запалил куќата, па се самоубил
-
Поплавен погон на скопска фирма
-
Македонец пронашол изгубено девојче во Неа Флогита
-
Нови пријави за оштетени автомобили и поплавени објекти во Скопје
-
Прва седница на Владата, ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии
-
Најмногу дожд изминатото деноноќие наврнал во Куманово