Министерот Џафери на Светски конгрес за правда
Министерот за правда Валдет Џафери од денеска до 19 октомври учествува на Светскиот конгрес за правда кој се одржува во Истанбул.
Oбраќање пред учесниците на конгресот министерот Џафери ќе има во текот на утрешниот ден кога ќе зборува во однос на меѓународната правна соработка, како и за алтернативното решение и правните спорови, соопшти Министерството за правда.
Ова е еден од најголемите Светски конгреси за правда каде учествуваат претставници од педесетина држави од светот. Повеќето од делегациите се претставени на министерско ниво, на ниво на претседатели на врховни судови, државни обвинители, директори на институции за обука на судии и јавни обвинители и други.
За време на конгресот министерот Џафери ќе оствари неколку билатерални средби.
Ново на Сител
-
Повеќе повредени во пожар во Чаир
-
Вреди: Коалицијата е стабилна
-
Најголем интерес за инфраструктурни проекти
-
Андоновски: Ќе се гасат нелегалните страни за онлајн коцкање
-
Младите парови нема да плаќаат комуналии во Кисела Вода
-
Преглед на вести од светот
-
Како линеарното покачување на пензиите ќе влијае врз ПИОМ?
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ