-->
-->
Министерот Димитров утре во работна посета на Стразбур
-->
- Министерот за надворешни работи Никола Димитров утре ќе престојува во работна посета на Стразбур, Франција.
Во рамки на посетата на Европскиот парламент, како што соопшти МНР, Димитров ќе оствари средби со шефови на пратеничките групи во Парламентот, меѓу кои се претседателот на АЛДЕ - Ханс ван Бален, претседавачот со Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) - Дејвид МекАлистер кој доаѓа од Европската Народна Партија, како и со неговиот сопартиец Андреј Ковачев.
Во фокус на разговорите ќе бидат натамошните фази од евроинтегративниот процес на Република Македонија, по заклучоците на Европскиот совет минатата недела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Продолжен викенд
-
Преглед на вестите од светот
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
Кои производи ќе бидат дел од просечната потрошувачка кошничка?
-
Вистинските пчелари во акција против фалсификаторите на мед