Министерот Димитров се сретна со новиот амбасадор на Турција во државава
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Турција во државава Хасан Мехмет Секизќок.
Димитров му посакал успешна дипломатска мисија на амбасадорот Секизќок, при што изразил подготвеност за активна и отворена соработка за реализација на заедничките цели и натамошно збогатување на врските и пријателството меѓу двете земји.
– Во таа прилика, беше изразено заемно задоволство од одличните билатерални односи и исклучително успешната соработка меѓу двете земји во духот на нивното традиционално пријателство и партнерство. Оценето беше дека меѓусебната соработка се реализира во повеќе области од заемен интерес, при што посебни резултати се остваруваат во економската и трговска размена, туризмот, образованието, културата и одбраната, информира Министерството за надворешни работи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови