Македонија
23. December 2019 - 13:50

Министерот Димитров се сретна со новиот амбасадор на Турција во државава

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Турција во државава Хасан Мехмет Секизќок.

Димитров му посакал успешна дипломатска мисија на амбасадорот Секизќок, при што изразил подготвеност за активна и отворена соработка  за реализација на заедничките цели и натамошно збогатување на врските и пријателството меѓу двете земји.

– Во таа прилика, беше изразено заемно задоволство од одличните билатерални односи и исклучително успешната соработка меѓу двете земји во духот на нивното традиционално пријателство и партнерство. Оценето беше дека меѓусебната соработка се реализира во повеќе области од заемен интерес, при што посебни резултати се остваруваат во економската и трговска размена, туризмот, образованието, културата и одбраната, информира Министерството за надворешни работи.