Министерот Ахмедовски се сретна со градоначалникот на Шуто Оризари
Министерот без ресор за координација и имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020, Аксел Ахмедовски и градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш на денешната средба разговарале за тековни и планирани активности и проекти кои се однесуваат на инфраструктурата во населените места во оваа општина.
Како што соопшти Кабинетот на министерот Ахмедовски, заеднички била констатирана потребата од финансиски средства за реализација на проектите што ќе овозможат подобри услови за живот на оваа заедница.
Како дел од активностите кои ги предвидува оваа општина, според градоначалникот Дудуш, се асфалтирањето на неколку улици и изградба на објекти со станови на лица со социјален ризик и други ранливи групи.
На средбата Ахмедовски ја потенцирал потребата од усвојувањето на Локалниот акциски план за подобрување на состојбата на Ромите во рамки на сите приоритетни области.
- Во однос на активноста за донесување Детален урбанистички план, чие недонесување претставува пречка за изградба на заграда со социјални станови наменети за ранливите групи, беа дискутирани можностите за обезбедување финансиски средства за негова изработка со поддршка на Министерството за транспорт и врски, се наведува во соопштението.
Министерот бил информиран и за планираната изградба на нова градинка на местото на опожарената градинка, а потоа ги посетил местата кои имаат супстандардни услови за живот во оваа општина (Врањачка Буна).
Ново на Сител
-
Протести за загадувањето од Вардариште
-
ЦУК: Вкупно 17 пожари на отворен простор, два се активни, четри под контрола, а 11 се изгаснати
-
Милевски: Саудиска Арабија е предизвик за сите наши играчи
-
Кривична за шест вработени во ЈП „Национални Шуми“, го оштетиле буџетот на претпријатието за 170.000 евра
-
Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага
-
Путин: Подготвен сум да се сретнам со Зеленски
-
Од 2026 три нови дестинации, до Неапол, Вроцлав и Милано, а се враќаат Будимпешта и Катовице
-
Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола- Прилеп | ВИДЕО