-->
-->
Министерката за регионален развој на Бугарија ќе ги презентира резултатите од инспекцијата на автопатот „Струма“
-->
Министерката за регионален развој на Бугарија Виолета Комитова денеска ќе ги презентира резултатите од инспекцијата што беше направена на автопатот „Струма“ по автобуската несреќа на 23 ноември во која животот го загубија 45 лица.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, министерката Комитова нареди инспекција на делницата меѓу Драгичево и Горна Дикања откако беа констатирани проблеми во патната инфраструктура, кои можеле да придонесат за фаталната несреќа.
Обележувањето на патот кое не е завршено, како и со заштитните огради кои не се заменети според новите барања, се дел од регистрираните проблеми, како и поголемата дозволена брзина што не одговара на условите на патот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени