Македонија
12. јуни 2020 - 9:02

Министерката Шекеринска во посета на полигонот „Криволак“

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска ќе изврши увид во активностите кои ги изведува инженерискиот баталјон на армискиот полигон „Криволак“, насочени кон проширување на капацитетите на полигонот.

Како што соопшти Министерството за одбрана, инжинериските активности што во моментот се одвиваат на полигонот за унапредување на патната инфраструктура, во значителна мерка ќе ја олеснат пристапноста до сите сектори за обука на полигонот.