Министерката Ременски ја посети градинката во Чаир
Во градинката „11 Октомври" - Бутел, работна единица „Чаир", земјотресот предизвикал ентериерна, а не конструктивна штета.
Ова е констатацијата по денешната обиколка на објектот кој го посети и министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска - Ременски.
Одговорните во Министерството за труд утре ќе излезат на терен и ќе направат увид во состојбата. Ќе се изготви и план за санирање на градинката.
Ташевска-Ременски ги уверува родителите дека Министерството се грижи за безбедноста на нивните деца и дека ќе се отстранат сите штети од земјотресот што ќе ги пријават скопските градинки. Дополнително ќе се побара одговорните за грижа и нега на децата во градинките да поминат соодветни обука за заштита и помош во случај на природна непогода.
Ново на Сител
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?