Министерката Канческа-Милевска го посети Албанскиот театар во Скопје
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска го посети Албанскиот театар во Скопје каде интензивно се работи на реконструкцијата на објектот, кој се очекува да биде завршен до крајот на годинава.
Се работи за прв голем зафат за целосна реконструкција на Театарот, по повеќе од 40 години од постоењето на објектот, за чија реализација е задолжена италијанската фирма „Скиентиа СРЛ“.
- Со ентериерната и екстериерната обнова и реконструкција на зградата на Албанскиот театар, чија вкупна површина изнесува околу 4.300 метри квадратни ќе се добие современ објект со две сали, опремен со најсовремена сценска технологија согласно со постојните стандарди, како и внатрешна функционална реорганизација на објектот, соопшти Министерството за култура.
Во изминатиот период, како што се наведува, се работеше на изведба на сценската технологија, се финализира изведбата на фасадата во пациото на објектот, електричните инсталации и се поставуваа вентилациски канали за машинските инсталации.
Министерката за култура истакнала дека по реконструкцијата на зградата на Албанскиот театар, објектот ќе биде ново место каде уметниците ќе го збогатуваат мултикултурниот мозаик на нашата држава.
Ново на Сител
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
-
Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови
-
Преглед на вестите од светот
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани