Министерката Божиновска учествува на ESG Adria Summit 2025 во Тиват
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на отворањето на третото издание на ESG Adria Summit 2025, кое се одржува во Тиват, Црна Гора. Самитот беше официјално отворен од претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, во присуство на премиерот Милојко Спајиќ и други високи претставници.
ESG Adria Summit претставува најголема регионална платформа посветена на одржлив развој, иновации и ESG (Environmental, Social, Governance) политики. Оваа година, самитот обединува повеќе од 700 учесници, вклучувајќи владини претставници, бизнис лидери, финансиски институции и меѓународни организации.
Министерката Божиновска, како што информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, ќе учествува на неколку панели и дискусии посветени на енергетската транзиција и одржливото финансирање, со цел да ги сподели искуствата и напорите на нашата земја во овие области.
Божиновска ќе биде говорник на сесиите „High-Level Panel: Мобилизирање капитал за зелени проекти – каде ќе дискутира за стратегиите за привлекување капитал за зелени проекти во регионот“, „Енергетските аукции како катализатори за распоредување на обновливите извори на енергија во Западен Балкан – панел организиран од Европската банка за обнова и развој (EBRD), фокусиран на улогата на енергетските аукции во забрзување на развојот на обновливите извори на енергија на Западен Балкан“ и „Интеграција на пазарот на електрична енергија и CBAM – Preparing Utilities for the Future (Side Event)“– настан организиран од Секретаријатот на Енергетската заедница. На оваа сесија министерката ќе Божиновска ќе одржи 15-минутно излагање заедно со министерот Адмир Шахмановиќ.
Покрај учеството на овие панели, министерката Божиновска ќе оствари и неколку билатерални средби на маргините на самитот со цел зајакнување на регионалната соработка во областа на енергетиката и одржливиот развој.
Ново на Сител
-
Кривични пријави за злоупотреба на постапката за доделување договор за превоз на ученици во Куманово
-
Шаја Лабјуф за кавгата со Алек Болдвин: Беше тензично на пробите
-
Малолетничка дала 25.000 евра на ученици кои ја уценувале дека ќе го претепаат нејзиниот брат доколку не им даде пари
-
Пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова на 13 мај
-
Фон дер Лајен: Ќе ја посетам Белата куќа кога ќе имаме пакет трговски договор
-
Наполи сака да го ангажира Де Брујне
-
Навики што создаваат јаз во врската
-
Русија на парадата на Црвениот плоштад ги претстави дроновите што ги употребува во војната во Украина