Живот
31. August 2021 - 14:44

Министерка од Нов Зеланд доживеа незгода во живо | ВИДЕО

Министерката за општествен развој на Нов Зеланд, Кармел Сепулони имаше неочекуван прекин на видеоповикот преку кој таа имаше ТВ-интервју во живо.

Имено, Сепулони имаше интервју во живо, од дома, за „Радио Самоа“, а разговорот го прекина нејзиниот мал син, кој влезе во собата возбудено и весело мавтајќи со редок, чудно израснат морков…

Нов Зеланд сѐ уште е во карантин од четврти степен, каде што сите, освен вработените во виталните области, остануваат дома, додека училиштата низ целата земја се затворени.