-->
-->
Минималната потрошувачка кошничка во ноември 51.714 денари
-->
– Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во ноември изнесувале 51.714 денари и се за 200 денари зголемени во однос на октомври, а за 1.490 денари во споредба со септември.
Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија, за храна во ноември биле потребни минимум 19.518 денари, а за режиски трошоци 12.983 денари што е повеќе од половина од синдикалната минимална кошничка.
Останатите средства, односно 3.668 денари се минимум потребни за превоз, 2.986 денари за хигиена и 2.250 денари за облека или обувки. За културни активности, според синдикалната минимална кошничка, остануваат 1.067 денари, а за здравствени услуги само 799 денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Владата ги остави граѓаните сами да се справуваат со пожарите
-
Сиљановска: Длабоко сум разочарана што се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕП
-
Мицкоски: Голем број европратеници нема да гласаат за амандманот со кој се брише македонскиот јазик и идентитет
-
СДСМ: Животот на граѓаните станува се потежок, владата не може да се справи со високите цени
-
Во Штип се рушат дивоградби за да се гради Булевар
-
Преглед на вестите од светот
-
Времено затворен граничниот премин Блаце, пожарот се движи кон с. Бразда
-
Ќе пропадне ли интерпелацијата на ДУИ за претседателот на Уставен?