Мини реконструкција на грчката Влада
Мали промени на позициите заменици- министри во Владата направи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а одреди и нов владин портпарол, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, поради унапредувањето на генералниот секретар од Министерството за финансии Христос Триандопулос во заменик-министер под премиерот надлежен за државна помош и закрепнување од природни катастрофи, со одлука на Мицотакис направени се пет промени.
Досегашниот заменик-министер за земјоделски развој и храна Јоанис Иконому ќе биде заменик-министер под премиерот и владин портпарол, а Аристотелиа Пелони, останува на досегашната позиција алтернативна портпаролка на Владата.
Заменик-министерот под премиерот надлежен за координација на работата на Владата Акис Скерцос, станува државен министер,заменик-министерот за дигитална политика Георгиос Стилиос заминува во Министерството за земјоделски развој и храна на местото на новиот владин портпарол Иконому, а во Министерството за дигитална политика, на позицијата заменик-министер доаѓа Теодорос Ливаниос од позицијата заменик-министер под премиерот.
Новите министри денеска ќе положат свечена заклетва во претседателската палата.
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток