Loading Video...
Кошарка
12. January 2020 - 15:38

Милвоки и Лејкерси ја продолжуваат победничката низа, Далас конечно ги израдува домашните навивачи

Двата најдобри тима во НБА лигата во досегашниот тек на сезоната остварија победи и на синоќешните средби.
 
Милвоки до 35-тата победа стигна со убедливиот настап на гостувањето кај Портланд  кого го совлада со 122-101 меч во кој Антетокумпо (32), Мидлтон (30) и Бледсоу (29) заедно постигнаа 91 поен за победничката екипа. 
 
Иако играа без Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, кошаркарите на ЛА Лејкерс забележаа победа нагости кај Оклахома со 125-110 меч во кој Кајл Кузма постигна 36, а Ражон Рондо 24 поени за 32-та победа на Лејкерси. 
 
Далас ја прекина низата од два порази пред својата публика совладувајќи ја Филаделфија со 109-91, меч во кој 
На домаќините не им помогна ниту расположениот Дончиќ и Паувел имаа дабл-дабл учиноци и тоа Словенецот со 19 поени и 12 асистенции, а Канаѓанецот со 19 поени и 12 скокови