Македонија
14. February 2024 - 13:53

Mилошоски: Еве како кадрите на Османи ги понижуваат Македонците кои очајно бараат помош за пасошите

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, попладнево се огласи на социјалните мрежи, критикувајќи ги кадрите на Бујар Османи. „Еве како кадрите на МНР Бујар Османи ги понижуваат македонските државјани кои очајно бараат помош за излез од хаосот кој власта им го создаде со неважењето на нивните валидни пасоши'', пишува тој.

„На луѓето им се прекршува основното право на слободно движење, затоа дел од нив и ми пишуваат, разочарани и полни со оправдан револт, во случајов од односот на Генералниот конзул во Чикаго“ – пишува Милошоски на социјалните мрежи, објавувајќи пораки во прилог.