Македонија
24. јуни 2022 - 10:26

Милошоски до Османи: Оставка

Претседателот на комисијата за надворешни работи, Антонио Милошоски побара оставка од министерот за надворешни работи Бујар Османи.

- Премиерот Ковачевски и министерот Османи се двајцата актери на кои им се случи најголемиот дипломатски дебакл, после оној со Лисабонската декларација. Македонија доби непринципиелен и понижувачки предлог за преговарачка рамка, преполн со наметнати билатерални прашања и со поглед во минатото. Факт е дека во обликувањето на овој документ активно учествувале и Ковачевски и Османи, иако тоа го криеа од јавноста. Затоа нема потреба ниту од два збора, ниту има потреба од правдање со загради. Еден збор е доволен. Оставка. - пишува Милошоски.