Милијардерите во текот на пандемијата станаа „потешки“ за 4.000 милијарди долари
Извештај на Институтот за политички студии (ИПС) покажува дека богатството на 20-те најбогати милијардери во светот мза една година се зголемило за 742 милијарди долари. Богатството на сите милијардери во светот, меѓутоа, за време на пандемијата на коронавирусот е зголемено за 4.000 милијарди долари.
Извештајот на Институтот за политички студии (ИПС), објавен на порталот Бизнис инсајдер, покажува дека од 18 март 2020 година до 18 март 2021 година, богатството на 2.365 милијардери се зголемило за 54 проценти, односно за 4.000 милијарди долари, пренесува агенцијата Анадолија.
Во извештајот се наведува дека 20-те најбогати милијардери се побогати за 742 милијарди долари, што е зголемување за 68 проценти.
Извештајот на меѓународната организација „Оксфам“, објавен на почетокот на 2021 година, покажа дека милијардерите се „потешки“ за околу 3.900 милијарди долари.
Во извештајот се наведува дека овие пари можат да помогнат никој да не осиромаши поради пандемијата на коронавирусот и дека можат да бидат доволни за да се купат доволно вакцини против Ковид-19 за сите.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени