Loading Video...
Фудбал
22. September 2022 - 20:03

Милевски: Во Тбилиси дојдовме да победиме

Македонската фудбалска репрезентација утревечер од 18ч игра против домашната Грузија натпревар од Лигата на нациите. 

Во Тбилиси ќе настапиме без Ристовски, Адеми, Етеми и Чурлинов. Селекторот Милевски најави шанса за помладите на прес конференцијата пред утрешната средба: „Се концентрирам како ќе функционира нашиот тим и како ние ќе функционираме против тим. Поединците се важни, но тимот е поважен. Квича е во добра форма, но и тој не може ништо сам да постигне. 
 
Македонија имаше одлични квалификации за Светско првенство и во баражот, но за жал овој циклус на Лига на нации го почнавме со проблеми поради повреди и морав да го менувам тимот, иако не планирав. Продолжуваме со таа транзиција во тимот и ова е можност да се увериме во квалитетот на помладите фудбалери. Сепак, мора да потенцирам дека сме конкурентни и додека постојат и најмали шанси, ќе се обидеме да ги искористиме. 
 
Никогаш не се навраќам на минатото, па ни на натпреварот против Грузија во Скопје. Дали се поквалитетна селекција од нас ќе покаже времето. Играат поразличен фудбал од претходно, но подготвени сме да ги исправиме грешките од Скопје. Ако не мислиме дека можеме да победиме, не би ни дошле тука. И во Скопје заслуживме повеќе, но фудбалот е таков и не победува секогаш подобриот. Дојдовме тука утре да победиме“.- изјави македонскиот селектор. 
Да потсетиме првата средба во Скопје ја загубивме со 3-0 што е и единствениот пораз на „рисовите “ во дуелите со Грузија.