-->
-->
Милевски: Резултатот реален, по едно полувреме за секоја селекција
-->
Селекторот на Македонија, Благоја Милевски по нерешените 2:2 со Србија во 2.коло на Европско првенство за фудбалери до 21 година, рече дека резултатот е реален одраз на случувањата на теренот.
- Мислам дека сите уживаа во натпреварот, впрочем како и на првиот дуел против Шпанија. Сметам дека по едно полувреме и припадна на секоја репрезентација. Како се одвиваа работите на теренот можеме да жалиме, но според се, нерешениот резултат е најреален. Честитки за моите фудбалери кои се вратија од негатива од еден гол по слабото првото полувреме. Тешко е и физички и психолошки да играме во висок ритам во текот на сите 90. минути кога се работи за ваков турнирски систем против најсилните репрезентации, сепак најголем дел од нашите фудбалери играат во домашното првенство, а знаеме каков е ритамот на тие натпревари, изјави Милевски.
Пред натпреварите од последното 3.коло во Б-групата, Шпанија е прва со две победи и веќе обезбедено место во полуфиналето, Португалија е втора со една победа и еден пораз, а Македонија и Србија имаат по едно реми и еден пораз и се без шанса за полуфинале.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година
-
Скопјанец добил пари на рулет, па го искршил истиот, по што обезбедувањето на казиното физички го нападнало
-
Андовски: Уште двајца од пожарот во Кочани во релативно тешка состојба
-
Загина мотоциклист откако излетал од патот
-
62-ра жртва од пожарот во Кочани, во Белград почина Стојанче Стојанов
-
Женско бебе пони во ЗОО Скопје
-
Четири лица краделе предмети од објект на ЈП Железници со вкупна вредност од околу 1.239.000 денари
-
1507 сообраќајни прекршоци вчера и завчера на територија на цела држава, 259 за брзо возење