-->
-->
Милевски: Нема да менуваме во пристапот и начинот на игра и против Србија
-->

Младата македонска фудбалска репрезентација во петок ја очекува дуел против врсниците од Србија во квалификациите за ЕП 2019 година.
Селекторот Благоја Милевски, денеска одржа брифинг пред првиот меч кој младите фудбалери ќе го играат на домашен терен.
Иако Србија важи за еден од главните фаворити за највисок пласман во групата, сепак селекторот Милевски нема да го менува пристапот и начинот на игра на нашата селекција.
„Без разлика дали играме дома или гости, пристапот е ист. Немаме потреба да менуваме било што, одиме на победа на секој натпревар, без разлика на противникот. Не секогаш успеваме, но на нас како тим е да го даваме максимумот кога го носиме државниот грб. Дали тоа ќе биде доволно за победа или не, ќе видиме на натпреварот“, изјави Милевски
Правејќи споредба меѓу двете селекции, Милевски верува дека тимскиот дух може да донесе позитивен резултат.
„ Србите индивидуалци кои може да решат меч. Македонија не може да се потпреме на екстра-индивидуални карактеристики, но од друга страна не краси добар тимски дух, поставеност и функционалност. Како функционираме, може да се надеваме на позитивен резултат“, заврши Милевски
Селекторот нема проблеми со тимот, затоа што сите фудбалери кои се повикани во тимот се здрави и се во комбинација на настап. Дуелот меѓу Македонија и Србија се игра в петок, од 15 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ: Ќе бараме кривично правна одговорност за насилничкото однесување на опозицијата
-
Едно лице загина, а две се тешко повредени на автопатот Тетово - Гостивар
-
Зеленски е подготвен да го потпише договорот за минерали и безбедност со САД под силно водство на претседателот Трамп
-
Мемеди: Во стабилна состојба детето затруено со таблети, продолжува неговата опсервација
-
Сообраќајка на автопатот Тетово - Гостивар, возилата се пренасочуваат
-
Петгодишно дете се затруло со таблети во Делчевско
-
За 4.000 евра дала на посвојување новородено бебе - кривична и притвор за жена од Куманово и уште четири лица
-
46-годишна жена измамена за 600 евра