-->
-->
Милевски: Горд сум на моите играчи
-->
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година по денешното реми со Франција рече дека е горд од постигнатиот резултат, но додаде дека жали што не се освоија трите бода, бидејќи неговите избраници по првото полувреме имаа два голови предност.
- Оваа репрезентација повторно покажа дека има талент и желба за победа и дека може да се носи со секој противник. Горд сум што и против големата Франција која има играчи во најдобрите европски лиги ние прикажавме игра што нѐ карактеризира низ целиот квалификациски циклус до сега, а тоа е напаѓачки фудбал. Се разбира дека не сум сосема задоволен што не остваривме победа, но сепак освоивме бод, и по четири кола сеуште сме на делба на второто место со Франција, истакна Милевски.
Тој потенцира дека Македонија е на добар пат да го подобри пласманот од претходните квалификациски циклуси и да се вмеша во борбата за врвот.
- Се уште имаме активна позиција во овие квалификации и искрено се надевам дека ќе успееме да се подигнеме во повисок шешир за следниот циклус. Уште еднаш би сакал да истакнам дека сум задоволен од прикажаното, се разбира дека во иднина ќе треба да поработиме на отстранување на некои мали недостатоци во поглед на тактичката поставеност, но сигурен сум дека оваа генерација има и талент и квалитет со кој може да се остварат одлични резултати, рече Милевски на прес конференцијата по натпреварот.
Македонија попладнево одигра 2:2 со Франција и покрај водството од 2:0 по првите 45 минути.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Масовната урбанизација го менува ликот на Охрид
-
Штипјани во хумана акција за прибирање 70 000 евра за лекување на медицинската сестра Сибил Омерова
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ