Македонија
26. November 2021 - 13:31

Милева: Не може да се потврди дали станува збор за тело на дете бидејќи целото е јагленосано и на делови

Портпаролката на главниот обвинител во Бугарија Сијка Милева за Сител потврди дека е пронајдено 45-то тело. Таа вели дека телото не било забележано при првиот преглед бидејќи било многу изгорено и не е пронајдено цело тело туку само делови од него.

„Во опожарениот автобус на трагичната несреќа на автопатот Струма, при дополнителниот увид што денеска го извршија истражителите од Националната истражна служба, пронајдена е 45 жртва“, рече Милева за Сител.

Милева вели дека се уште не може да се потврди дали станува збор за тело на дете бидејќи телото е целосно јагленосано и на делови.

Даниел Василев