Милер: Германија е на добар пат, но нема да може да ја исполни целта за полнење на складиштата со гас
– Германија повторно е на пат кон „пристојни“ нивоа на полнење на складиштата со гас, но малку е веројатно дека ќе ја постигне зацртаната цел за нивно полнење до 1 ноември, изјави денеска шефот на државниот регулатор Бундеснетцагентур, Клаус Милер. Тој на Твитер објави дека заклучно со 23 јули, вкупното ниво на исполнетост била 65,91 отсто, а сегашната цел е до 1 септември магацинот да достигне 75 отсто исполнетост.
Минатата недела, германското Министерство за економија ја зголеми целта за полнење на складиштата, откако гасоводот Северен поток 1 продолжи со работа по 10 дена одржување, иако со капацитет од само 40 проценти. Новите цели се 75 отсто пополнетост на складиштата до 1 септември, 85 отсто до 1 октомври и 95 отсто до 1 ноември, објави Министерството, истовремено воведувајќи мерки за заштеда на енергија, вклучително и забрана за греење базени во приватни домови.
Милер, од друга страна, денеска рече дека не верува дека е можно да се достигне целниот опсег меѓу 90 и 95 отсто од капацитетот за складирање до 1 ноември, објави Велт, цитирајќи учесници на состанокот за гас организиран од покраината Баден-Виртемберг.
На сегашното ниво на испорака на „Северен поток 1“, нивоата на складирање во најдобар случај би можеле да достигнат максимум од 80 до 85 проценти капацитет, пишува „Велт“.
Ново на Сител
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка