Михајловиќ: Во проектот на брзата пруга Белград - Будимпешта сакаме да ги вклучиме и Северна Македонија и Грција
Српската министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура Зорана Михајловиќ најави дека на утрешниот трилатерален состанок на Србија, Унгарија и Кина ќе се разговара за изградбата на брзата пруга Белград – Будимпешта и дека при тоа ќе се разгледа можноста за вклучување и на Северна Македонија и Грција во овој проект.
– Ќе разговараме со Северна Македонија и со Грција за да видиме да се приклучуваат кон овој коридор, бидејќи не е доволно да имаме само модернизирана пруга со која ќе се вози со 200 километри на час од Белград до Будимпешта, ако тоа го немаме низ целата делница, бидејќи овој проект е дел од проектот „Еден појас, еден пат“, изјави Михајловиќ за Радио Телевизија Србија.
Таа додаде дека во интерес на Србија е да ги натера сите да бидат дел од овој проект. – Се надеваме дека ќе има интерес и тоа всушност би бил вистински коридор, потенцира Михајловиќ.
Српската министерка изјави дека вредноста на оваа железничката пруга од Белград до границата со Унгарија изнесува околу две милијарди долари, а целата пруга до Будимпешта чини околу четири милијарди долари, како и дека тоа е најголемиот инфраструктурен проект во овој дел на Европа.
Михајловиќ додаде дека работите во Србија се во согласност со планот и дека „српската страна оди неколку чекори побргу“, додавајќи дека делницата Белград – Стара Пазова би можела да биде завршена до септември следната година, додека на почетокот на 2021 година би требало да заврши изградбата делницата Стара Пазова – Нови Сад, а градбата на делницата Нови Сад – Суботица ќе почне наскоро.
Ново на Сител
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер
-
Седница на централниот одбор на СДСМ
-
Изборна ноќ во САД - Тесна трка меѓу Харис и Трамп
-
Како претседателските избори во САД ќе влијаат врз стабилноста на НАТО и Македонија?
-
Агелер: Јас гласав тоа е должност и привилегија
-
За изборната кампања и ефектот врз резултатите со комуникологот Бојан Кордалов
-
Опозицијата станува резервирана за изборите што ги понуди Мицкоски