Мицотакис во посета на Либија – рестарт на односите меѓу двете земји
Средби со претседателот на преодниот претседателски совет Мохамед Јунус ал-Менфи и со премиерот Абдул Хамид Дабиба, ќе оствари грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговата денешна посета на Либија, посета која според владината портпаролка ќе го означи рестартот на односите меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.
Портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, на вчерашниот редовен брифинг со новинарите, рече дека посетата ќе го означи и почетокот со работа на грчката амбасада во Триполи, а заедно со повторното основање на Генералниот конзулат во Бенгази „значително ќе придонесат за зајакнување на билатералната соработка во сите сектори, особено во енергетиката, градежништвото, безбедноста, со важна перспектива во економските и трговските односи”.
Додаде дека Грција ја поддржува новата либиска Влада и е подготвена да ги поддржи нејзините напори да ја одведе земјата кон кредибилни избори и кон политичка нормалност.
– Се надеваме и очекуваме дека оваа нова страница во односите меѓу двете земји ќе биде напишана врз основа на принципите на меѓународното право и добрата волја. За Либија, во оваа нова ера, важно е да се ослободи од тежината што ја влече надолу, како што е присуството на странски сили и платени војници на нејзината територија. Но, и од текстовите што се неосновани и го кршат меѓународното право. Грција изјавува подготвеност да ги поддржи Либија и Либијците на сите начини, како билатерално, така и во европска рамка, истакна Пелони.
Една од темите на разговор ќе биде и турско- либискиот меморандум, за кој официјална Атина смета дека е нелегален, а Пелони рече дека на средбите ќе бидат покренати грчките позиции.
Заедно со Мицотакис, за Либија заминува и министерот за надворешни работи Никос Дендиас.
Ново на Сител
-
Трамп го повика Врховниот суд да го прекине спроведувањето на законот за забрана на ТикТок
-
Протестен марш против аерозагадувањето во Скопје
-
Словачка потврди дека се согласила да биде домаќин на евентуални мировни преговори за Украина
-
Намалени и цените на дел од основните прехранбени производи што не се дел од Новогодишната кошничка, Владата продолжува да ја следи ситуацијата
-
Собранието го донесе Законот за учебници, усвои и повеќе закони од различни сфери
-
Наутро студено и магливо, преку ден сончево
-
Автомобил ја проби блокадата во Белград и удри студент | ВИДЕО
-
Четири возила учествувале во сообраќајната несреќа на патот Куманово-Крива Паланка