Мицотакис: Нова демократија нема да го ратификува штетниот договор што отстапува македонски јазик и националност
Ставот дека Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа, ниту во овој ниту во следниот парламент, уште еднаш го повтори претседателот на партијата, Кирјакос Мицотакис, одговарајќи на новинарско прашање за време на неговата турнеја на грчкиот остров Кефалониа.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, лидерот на најголемата грчка опозициска партија истакна дека главните причини за оваа позиција е нивниот став дека „за прв пат на соседите им се отстапува македонски јазик и македонска националност”, а тоа го прави договорот, според Мицотакис, „штетен за националните интереси”.
– Единствениот начин да се гарантира дека овој Договор нема да се ратификува во грчкиот парламент е да се одржат национални избори пред Договорот да дојде на ратификација во грчкиот парламент, за грчкиот народ да одлучи, не само за земјата, туку и за договорот за кој, како што реков, сметаме дека е штетен за националните интереси. Но, сакам да додадам и уште нешто: сликата од изминатите денови во соседната земја, за време на подготовката за првото гласање во Собранието, според моето мислење, не е слика која одговара на земја што може да се стреми да стане членка на големото европско семејство, рече Кирјакос Мицотакис.
Ново на Сител
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам
-
Преглед на вестите од светот
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред