Мицотакис: Набргу ќе се отвори дискусија за олеснувања, а не привилегии на вакцинираните
Го преферирам терминот олеснувања, а не терминот привилегии за слободите што може да ги имаат нашите вакцинирани сограѓани. Сметам дека оваа дискусија ќе се отвори набргу и ќе се отвори од страна на Владата од моментот кога сите наши сограѓани ќе имаат пристап до вакцините, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на средбата со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис истакна дека, исто така ќе започне дискусија и за задолжителната вакцинација на одредени категории вработени во здравствениот систем, како што се здравствените работници и вработените во центрите за грижа на стари лица.
Говорејќи за актуелната ситуација со пандемијата во земјата рече дека оди во позитивна насока, со намалувања на новите случаи, но и бројот на хоспитализирани, а како пример спомена дека на почетокот на минатиот месец над 800 пациенти беа приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега, а сега се под 370.
-Секако, жален е фактот што огромното мнозинство наши сограѓани кои се хоспитализирани, кои се тешко болни на Одделите за интензивна нега и за жал, некои од нив дури и ги губат нивните животи, се наши сограѓани кои не се вакцинирани, а кои имаа можност во последните месеци да се вакцинираат бидејќи се постари. Ова е нешто што треба да го смениме, истакна Мицотакис.
За процесот на имунизација, грчкиот премиер рече дека се одвива со брзо темпо со 100.000 дневни вакцинации, односно „еден процент од населението се вакцинира секој ден“.
Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу истакна дека е охрабрувачки фактот што „младите се чини дека се држат настрана од идеологии и фобии“ и се вакцинираат за да си ја вратат слободата.
Се осврна и на делот што се однесува на уставните индивидуални права, потенцирајќи дека „Уставот во никој случај не го признава правото на некој да го загрози животот и здравјето на другиот“.
-Да се надеваме дека сите ќе сфатат дека вакцинацијата е единствениот начин за сите, без оглед на возраста, да можеме да го вратиме сето она од кое што толку долго бевме лишени и да постои безбедност за во иднина. Бидејќи никој не може да ни вети нешто за следните бранови, според експертите, на есен, нешто што се надеваме нема да се случи, рече Сакеларопулу на средбата со Мицотакис.
Ново на Сител
-
До сега 59 загинати во големата трагедија во Кочани
-
Тошковски: До сега 20 осомничени, 15 приведени, одговорност ќе има!
-
Дискотеката Пулс немала ниту дозвола за работа од Економија, ниту елаборат кој се набавува од ДЗС
-
Деканот на Градежен факултет: Правила и регулативи постојат, совеста кај одговорните лица треба да е на високо ниво за да се избегнат трагедии
-
Сведоштво од преживеана 20-годишна девојка од дискотеката во Кочани
-
13 пациенти се транспортирани во соседните држави на лекување
-
Во штипската Клиничка болница сместени вкупно 31 пациент
-
Пораки за сочувство од државниот врв