Мицотакис: Една седмица бесплатно на Родос за оние кои го прекинаа одморот на островот поради пожарите
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за британската телевизија ИТВ најави една седмица бесплатен одмор на Родос на пролет или есен за оние туристи кои го прекинаа одморот на островот поради пожарите, јави дописничката на МИА од Атина.
-За сите оние на кои им беше скратен одморот како резултат на пожарите, грчката Влада во соработка со локалните власти ќе им понуди една седмица бесплатен одмор на Родос, следната пролет или следната есен за да бидеме сигурни дека ќе се вратат на островот и ќе уживаат во неговата природна убавина, рече Мицотакис.
Истакна дека пожарите не се само проблем за Грција, туку за целиот Медитеран, а конкретно за Родос рече дека „островот е целосно вратен во нормала и не постојат активни пожари“.
Порача дека Грција е безбедна за туристите и апсолутно не постои опасност, а ги повика сите оние кои оставиле во последен момент да одлучат каде ќе го поминат одморот, да го изберат токму Родос.
Објасни дека во пожарите на островот „не беа загубени човечки животи, немаше повредени“ и морале да евакуираат 20.000 луѓе, а се осврна и на важноста на бројот 112 за итни случаи преку кој се испраќаа пораки за евакуација.
Во интервјуто за британската телевизија, грчкиот премиер говореше и за климатската криза, но и за мигрантското прашање, за кое рече дека земјата „има строг, но фер пристап“, истакнувајќи дека се фокусираат, не само на спасување на мигрантите, туку и на разбивање на мрежите на криумчарите.
Ново на Сител
-
Стартува амандманската расправа за буџетот - Поднесени над 300 амандмани од опозициски партии
-
Ќе растат платите на здравствените работници - Премиерот и синдикатот потпишаа договор
-
Продолжуваат преговорите со банките за кредитите за стопанството
-
Николовски: Изградбата на Коридорот 10 е приоритет и покрај обидите на Бугарија да ја заобиколи Македонија
-
Алармантна состојбата со булинг во основните училишта
-
За една година, над 110 сообраќајки на истокот со повеќе од 170 повредни
-
Преглед на вестите од светот
-
Меѓународен ден на студентите