Мицотакис: Целта е да стигнеме до безбеден Велигден и послободно лето
Заканата е сѐ уште тука, затоа имаме докажано дека одиме чекор по чекор и секоја седмица, во соработка со експертите, ги оценуваме епидемиолошките податоци, бидејќи, како што имам кажано, целта е да стигнеме до безбеден Велигден, но и уште послободно лето, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на состанокот на пратеничката група на Нова демократија, јави дописничката на МИА од Атина.
За процесот на имунизација, грчкиот премиер рече дека на крајот на април ќе бидат спроведени над три милиони вакцинации, два милиони граѓани ќе ја имаат примено првата доза, а над еден милион ќе бидат ревакцинирани и целосно заштитени.
Во однос на селф тестовите порача дека не можат да бидат „алиби за несовесно однесување”, бидејќи без претпазливост, „тестот што денеска е негативен, може утре да биде позитивен”.
Конкретните брзи тестови за домашна употреба од понеделникот беа воведени за учениците од повисоките класови на средните училишта, како додатна алатка за безбедно враќање во училишните клупи.
За отворањето на основните и останатиот дел од средните училишта, министерката за образование на Грција Ники Керамеос, говорејќи за државната телевизија ЕРТ рече дека засега не постои препорака од надлежната комисија и дискусијата се одложува за по Велигден.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа