Loading Video...
Свет
10. April 2021 - 16:30

Мицотакис бара итно расчистување на случајот во кој е убиен новинар

Грчкиот премиер Мицотакис побара брзо расчистување на убиството на познатиот грчки новинар Џорџ Караиваз кој беше ликвидиран во близина на неговиот дом во Атина.

Истрагата засега покажа само дека ликвидацијата била добро осмислена и испланирана, а жртвата најверојатно била следена подолго време. 

Двајцата маскирани напаѓачи на моторцикл синоќа го застрелале новинарот додека се враќал дома од телевизијата „Стар“ каде работел.

Караиваз бил познат по своето истражувачко известување за криминалот.

ЕУ исто така го осуди убиството на грчкиот новинар.