Мицковски на средба со евроамбасадорот Жбогар
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски, денеска 27.03.2019 година остварија средба со шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар.
Мицкоски со Жбогар говореше за актуелната политичка ситуација во Република Македонија, реформите кои се поврзани со обвинителството и потребата за фер услови за демократски избори. Беше искажана загриженост за политизираноста на правосудниот систем, кој како што беше нотирано служи за политички прогон на неистомислениците на власта.
Мицкоски го запозна Жбогар со принципите кои ВМРО-ДПМНЕ ги вклучи во амандманите на Предлог Законот за јавно обвинителство, а кои се базираат на меѓународните стандарди, кои ги гарантираат основните човекови права, кои се морална обврска за државата во патот кон ЕУ.
Беше укажано и на крајната политизација на општеството и поделбата која ја прави власта. Воедно беа нотирани и однесувања на власта со кои се нарушува демократскиот амбиент за фер избори, дека е присутна нервоза во власта и дека тоа нема да ги поколеба граѓаните.
Ново на Сител
-
Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо
-
Тројца малолетници нападнале свој врсник во Кисела Вода и пробале да му го одземат телефонот
-
На пешачки премин удрено 9-годишно девојче
-
Во домот на 16-годишник пронајдени марихуана, кокаин, пиштол и куршуми
-
ЦУК: Осум активни пожари, се уште активен пожарот во резерватот Јасен
-
Kуче врзано влечено со автомобил па фрлено во речно корито во Крива Паланка, го спасиле пожарникари | ФОТО
-
Уште еден случај на затруено дете во Куманово
-
Евакуирани 150 лица од лондонска болница поради хемиски инцидент