Мицкоски за договорот со В. Британија: Ниту било побарано од мене, ниту ми паднало на памет градење мигрантски кампови
Во денешниот говор на годишната конференција на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на партијата и премиер, Христијан Мицкоски, се осврна и на стратешкиот договор со Велика Британија за пријателство, економски раст и соработка во повеќе области, повторувајќи дека градење мигрантски кампови „ниту му паднало на памет ниту било побарано“, а тоа јасно го кажал и британскиот амбасадор во државава.
– Овој договор е мојот нов договор за Македонија по примерот на оној кој го обзнани американскиот претседател Рузвелт и кој е познат во историјата. Овој договор значи отворање на работни места, развој, напредок, многу нови инфраструктурни проекти, многу големи гигантски проекти какви што досега немало, инвестиции во железници преку брзи линии, автопатишта, болници, образование и други сектори. Ова е договор кој на Македонија ќе и донесе пари за да работи и инвестира во својот напредок во вредност од шест милијарди евра, порача Мицкоски.
Ново на Сител
-
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати, раст од 23,44 проценти во мај
-
На преминот Ќафасан уапсен жител на Кичево баран со меѓународна потерница
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД