Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи какви било уставни измени
Силно ве уверувам дека ВМРО ДПМНЕ нема да поддржи какви било уставни измени, порача вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред почетокот на протестот за отфрлање на францускиот предлог за деблокада на евроинтеграциите на државава.
-Денеска ја добивме информацијата дека Владата одлучила преговарачката рамка и оној втор документ којшто претставува заклучоци на Советот коишто се практично дел од договорот којшто Владата на СДСМ и ДУИ го направила со официјална Софија го пренесле денеска во Парламентот иако не ја гледаме никој логиката зошто во Парламентот кога станува збор за меѓувладина односно Владата е таа која што носи одлука во сето ова. Парламентот доколку донесе Владата одлука за што ние силно протестираме и велиме таа да биде не, тогаш е тој којшто одлучува, изјави Мицкоски.
Тој нагласи дека ВМРО ДПМНЕ нема да поддржи какви било уставни измени.
-Македонската јавност да биде сигурна дека што и да се случува понатаму со ова национално предавство и катастрофа која што ја подготвува Владата на СДСМ и ДУИ, ВМРО ДПМНЕ во Парламентот тоа нема да го прифати. За тоа се потребни 80 пратеника, бидете сигурни дека тие 80 пратеника ги немаат и тоа треба на сите да им е јасно и во Македонија и надвор од Македонија, рече Мицкоски, порачувајќи воедно дека нема да неседнуваат на провокации на протестите.
Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали пратеницте од ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за уставни измени, рече дека „такви предавници во овој состав на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата нема“.
-Јас ве уверувам, и спремен сум за тоа да гарантирам, потенцира Мицкоски.
Тој рече дека „Владата е група на кукавици која што се плаши самата да донесе одлука па го пренесува тежиштето во Парламентот, иако Парламентот нема никаква формална нормативна улога и дополнително го поларизира народот, дополнително создава нервози и фрустрација“.
-ВМРО ДПМНЕ ќе делува согласно стратегијата која што ќе ја договориме, а стратегијата е да сториме се да му објасниме на народот во Македонија дека ова не е неговата иднина, дека ова е предавство кое што напротив ја стопира нашата иднина во обединета Европа, изјави Мицкоски и најави дека стратегијата ќе ја договорат деновиве.
Ново на Сител
-
Собраниски делегации на Илинден во Пелинце, Скопје и Крушево
-
Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати
-
Италија ќе започне со воздушна испорака на помош за Газа од 9 август
-
Во ИЈЗ воведена втора смена на микробиолошката лабораторија и други новини во интерес на граѓаните
-
Двајца браќа го попречиле патот на комбе во кое се превезувало семејство - им го скршиле стаклото и ги нападнале
-
Обвинение за бесправно градење во Битола
-
Зеленски: Украина е подготвена за мировен самит доколку Русија покаже сериозност и волја
-
Косово ги укина царините за стоки од САД