Мицкоски: Власта и парламентарното мнозинство прават атак врз демократијата, ја поништуваат волјата на граѓаните
Во животот немам ниту една концесија, немам склучено ниту еден задкулисен договор, затоа што сум човек со чист образ и чест. Околу шпекулациите кои произлегоа, немав никаква средба ниту со Талат Џафери, ниту пак со Зоран Заев. Единствено бев Собранието на координација со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, пишува на својот Фејсбук профил, партискиот лидер Мицкоски.
„Денес власта и парламентарното мнозинство прават атак врз демократијата, ја поништуваат волјата на граѓаните.
Парламентарното мнозинство во Собранието спрема настан кој не ја почитува волјата на огромен број македонски граѓани, го крши Уставот, Деловникот, ова е директен удар на соживотот во Македонија, од кој ниту Албанците, ниту Македонците нема да имаат подобар живот.
Само две партии што се договориле врз грбот на етничките заедници мислат дека имаат ќар. Но, државата и граѓаните не.
ВМРО-ДПМНЕ е против ваквото сценарио, со чист разум, затоа што тоа е единствениот исправен чекор, затоа што јас и ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме да ги штитиме интересите на граѓаните„.
Ново на Сител
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари
-
Преглед на вестите од светот