Македонија
19. October 2021 - 14:25

Мицкоски: Убедлива победа, имаме 55.000 гласови повеќе од СДСМ на советничките листи

На денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа дека коалицијата „ Обнова за Македонија“ остварила убедлива победа со повеќе од 55 000 гласови повеќе од СДСМ на советничките листи.

„Тоа е убедлива победа, јасна порака до власта, а за нас голема одговорност. Иако сликата е јасна, има уште еден круг на овие локални избори, уште еден чекор до промени и остварување на нашата заедничка нова иднина“, рече Мицкоски повикувајќи ги граѓаните на уште поголема излезност во вториот круг на изборите.