Мицкоски: Точно се определени начините како можат да се трошат средствата обезбедени преку кредитната линија од Унгарија
Средствата обезбедени преку кредитните линии од Унгарија се трошат наменски. Владата има донесено уредба со која точно се дефинирани начините како можат да се користат тие средства, така што нема основа за шпекулации за нивно ненаменско трошење. Тоа денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски во Неготино, во врска обвинувањата од опозицијата за ненаменско трошење на средствата.
Мицкоски посочи дека опозицијата може сешто да каже, но оти за се што е кажано треба да постојат докази.
-И да сакаме не можеме, Владата донесе уредба, одредени се начините како можат да се трошат средства од кредитот, рече тој.
По однос самите средства обезбедени преку кредитните линии од Унгарија, тој посочи дека интересот е исклучително голем. Според информациите со кои располага, а за што, како што рече, на дневна основа го брифирала министерката за финансии, Мицкоски истакна дека само една од банките има побарувања во износ од 180 милиони евра за финансирање проекти.
-Кога ќе ги собереме сите банки, тој износ изнесува повеќе од 350 милиони евра, што значи дека и овие 250 ќе бидат малку. Можеби ќе треба повторно да ги користиме нашите пријатели и сојузници надвор од Македонија за нова кредитна линија под ултра поволни услови. Гледаме дека ова е начинот како да го развиваме стопанството, рече тој.
Ново на Сител
-
Перински: Партнерството со Унгарија ќе придонесе за унапредување на општинскиот развој
-
Главната железничка станица во Виена повторно е отворена за сообраќај по наводна закана за поставена бомба
-
Трамп: САД нема уште долго да ги толерираат изјавите на Зеленски
-
Муцунски: Унгарија е меѓу 10-те најголеми наши трговски партнери и странски инвеститори
-
Орбан ќе бара од Европскиот совет да нема заклучоци за Украина
-
Анкета: Само 13 oтсто од Украинците ги сметаат САД за пријателска земја
-
Муцунски: Нашата надворешна политика се базира на усогласеност со политиката на ЕУ и стратешкото партнерство со САД
-
Почна склучувањето договори за новата реколта тутун со нови цени