Македонија
3. March 2021 - 18:43

Мицкоски: Тоа што Заев користи што сум изолиран поради Ковид-19 не го спасува од паѓање на Владата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со реакција на неговиот Фејсбук профил по денешното гласање за доверба на Владата. Мицкоски нагласува дека Заев ја искористил неговата изолација поради заразата со Ковид-19 и дека тоа нема да го спаси од паѓање на Владата.

„Нема човек кој е задоволен од оваа Влада и затоа сите граѓани со мачнина го гледаат ова денешно препелкање на Заев во Собранието. Јас ќе речам, бидете спокојни. Најдоброто за нашата земја допрва доаѓа. Заев е мафијаш, тоа е дел од неговиот карактер. Тоа што на мала врата на сила протуркува во Собрание гласање за недоверба на Владата, ограничувајќи ја јавната дебата никако не е израз на неговата сила, туку е доказ за неговата огромна слабост, но и недоверба во мнозинството кое многу лесно ќе го загуби. Тоа што ја користи состојбата на мојата изолација поради заразата со ковид вирусот, сакам да знаете дека не го спасува од паѓање на Владата. Вака ќе купи уште некој ден живот на Владата приклучена на апарати за дишење, но исто како и мојата ковид зараза тие денови ќе поминат. А тогаш повторно ќе се постави прашањето за доверба на Владата, при што сите негови актуелни закани, уценувања и притисоци врз пратеници ќе паднат во вода, и ден потоа Заев нема да биде премиер. Се гледаме наскоро!“, напиша Мицкоски.

 

Нема човек кој е задоволен од оваа Влада и затоа сите граѓани со мачнина го гледаат ова денешно препелкање на Заев во...

Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, March 3, 2021