Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во „Тема на денот“ во дневникот на Сител истакна дека скандалозно е што вицепремиерот Битиќи им пишува на компаниите да гласат за СДСМ затоа што добиле државна помош и побара обвинителството да покрене истрага и да докаже дека не е партизирано.
-Шокантно беше сето тоа, затоа што во минатото ќе потсетам имаше еден случај кој се нарекуваше Траекторија во којшто луѓе одговараа за нешто кое не го сториле, односно дека прибавиле некаква политичка добит, затоа што ја злоупотребиле својата положба согласно КЗ член 353. Денеска имаме ние писмо кое го испраќа вицепремиерот на влада во кое вели дека тој како вицепремиер се заложил да добијат некаков начин на добивка и во име на тоа бара од нив да го дадат гласот за него, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека ако тогаш во минатото се случувало да обвинителството покрене истрага против лица кои оствариле политичка добивка, тогаш не гледа зошто не би го направиле и сега.
-За жал од обвинителството засега нема ни трага ни глас, а треба да покрене истрага. Ако не се случи тоа, тогаш се потврдува нашата теза за октроирано и партизирано обвинителство, изјави Мицкоски.
Ново на Сител
-
Изгоре куќата на Александар Пандов – директорот на управата за извршување санкции смета дека е подметнат
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во дискотека во Кочани
-
Кочани повод за нова интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Тема на денот со Гордан Георгиев, Форум за разумни политики
-
Во странство остануваат 28 повредени во трагедијата во Кочани - Турција ќе прими до 15 за долготрајна рехабилитација
-
На Македонија и се заканува епидемија од морбили - опфатот лани помал од 2023
-
Ако цените од четврток скокнат - ќе има нови мерки!
-
Државна ревизија открива слабости во договорените јавно-приватни партнерства