Мицкоски: Сѐ погласно е незадоволството во пратеничките групи на СДСМ и ДУИ, 2023-та ќе биде изборна година
Неодговорно е повеќе оваа влада да продолжи да функционира и сѐ погласно е незадоволството во рамките на пратеничките групи на партиите кои што ја подржуваат оваа влада. Тука пред сѐ мислам на ДУИ и на СДСМ бидејќи гледаат како државата тоне, назадува, нема реформи, нема резултати, неспособни криминални политичари ја водат таа влада и охрабрен од тие сигнали што ги добивам од пратеничките групи на СДСМ и на ДУИ, мислам дека оваа година ќе се најдат 61 пратеник кои што ќе го распуштат овој Парламент, ќе одиме на предвремени парламентарни избори и потоа ќе дојде една влада која што ќе биде избрана од народот, народна влада, а не избрана во еден тесен круг на луѓе и премиер избран во тесен круг на луѓе, која што ќе работи за интересите на народот и државата, а не заличните интереси или партиските интереси.
Вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Кисела Вода, одговори на новинарско прашање за тоа на што го темели оптимизмот дека следната година ќе се случат предвремени избори.
Тој додаде и дека доколку власта верува во тоа што го зборува дека добро работат и дека се успешни, истото треба да се провери на избори, па народот да го каже своето.
„Охрабрен од овие сигнали, мислам дека имаме голема шанса оваа година, тие два датума 14-ти или 21 мај да бидат изборни датуми и да видиме. На крајот од денот ако навистина верува во тоа што го зборува владата на ДУИ и СДСМ дека добро работат дека се навистина успешни ќе можеме да го провериме тоа на избори, народот да си каже, народот е суверен на оваа држава, а не функционерите на ДУИ поддржани од СДСМ“, потенцираше Мицкоски.
Ново на Сител
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани е во исклучително важна фаза, нема никаква селективност досега, нема да има ни понатаму
-
Скопјанец доби условна казна затвор за ширење омраза за коментари поврзани со Парадата на гордоста
-
Изминатите два дена 1452 сообраќајни прекршоци, 258 за брзо возење
-
Дачиќ: Нема потреба за вонредни избори; Брнабиќ: Студентите да му се обратат на Вучиќ
-
ЕУ повика на дијалог меѓу Индија и Пакистан
-
Израел се заканува дека ќе му го направи на Техеран она што му го направи на Хамас во Појасот Газа
-
Јермак: Украина и сојузниците разговараа како да извршат притисок врз Русија за 30-дневен прекин на огнот
-
Николоски: Арсовска целосно потфрли, ќе понудиме квалитетен кандидат за Скопје