Мицкоски: Секогаш кога дуото Заев-Бучковски нешто работи тоа е на штета на македонскиот народ и држава
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на отворањето на реновираниот Спортски центар во Ново Лисиче, кој ќе го носи името на ракометарот Марко Божиновски, каде имаше и изјава за медиумите. Тој одговарајќи на прашање за тоа каков е неговиот став за тоа што Владата повторно го назначи Владо Бучковски за олеснувач во преговорите со Бугарија, рече дека таквиот потег е продолжување на политиките на заевизмот и предавствата и дека секогаш кога дуото Заев-Бучковски нешто работи тоа е на штета на македонскиот народ и македонската држава.
„Продолжување на политиките на заевизмот и на предавствата. Тие мислат дека прават јуначко дело, а во суштина секогаш кога ова дуо Бучковски-Заев нешто работи, знаете дека е на штета на македонскиот народ и на штета на македонската држава. Очекувам такво нешто и да продолжи да работи Владо Бучковски. Тој ќе остане запаметен само по една работа а тоа е дека продолжува да апологет на погрешните и предавнички политики на Зоран Заев. Жалам што сме колеги на факултетот, бидејќи тој е редовен професор како што сум и јас и жалам што еден мој колега одбрал да слугува на човек кој буквално нема никаква резерва кога станува збор да го продава македонскиот идентитет, македонската супстанца и македонската држава“, потенцираше Мицкоски.
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Седуммесечно бебе паднало од импровизиран кревет
-
Центар за рангирање на светски универзитети: УКИМ година дена не бележи никаков напредок
-
Структурни реформи веднаш, за поголем економски раст
-
Македонците најмногу трошат на „Букинг“, а најмногу купуваат на „АлиЕкспрес“
-
Демири го разреши само медицинскиот директор на Токсикологија, но не и Бесија Иљази
-
Отворен Центар за поддршка и советување на момчиња и мажи
-
ДИК прифати 7 приговори - Ќе се прегласува во Крушево, Охрид и Желино
-
Дом за стари лица во Прилеп инсталираше фотоволтаични панели