Мицкоски се сретна со претседателот на Европскиот совет
Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски оствари средба со претседателот на Европскиот Совет – Шарл Мишел.
На работниот појадок беше разговарано за европската перспектива на земјата и тоа што треба да се направи за Македонија да добие датум за преговори, но и да стане членка на ЕУ.
Претседателот Мицкоски истакна дека членството во ЕУ е највисоко во агендата на ВМРО-ДПМНЕ и како партија која ќе ја формира владата по 12 април ќе направи се за Македонија да биде ставена на брза трака кон интеграција во Унијата.
Наместо декларативни ветувања како до сега со СДСМ ќе имаме вистинско придвижување.
Претседателот Мицкоски посочи и на безизлезноста со оваа власт, како држава СДСМ не има донесено на дното. Корупцијата, криминалот и рекетот цветаат и тоа го гледаме веќе и во извештаите на реномираните меѓународни институции како Транспаренси. Реалноста говори дека хибридниот режим на Заев ја носи земјава кон ќорсокак.
Дополнително беше истакнато и дека судската власт е под стегите на Заев и власта и дека тоа го оневозможува нормалниот тек на правдата.
Заклучено е дека мора да има реформи, како на судско, административно, безбедносно, така и на секое друго ниво од значење на државата.
Заеднички беше констатирано дека е потребен напредок на Македонија кој ќе биде во корист на граѓаните.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Медали за сите 7 вина на Монтеко на престижниот вински натпревар Декантер
-
Лицата со телесен инвалидитет бараат адаптирана плажа
-
Кој антички град се крие помеѓу прилепските села Волково и Прилепец, дали тоа е можеби градот Пелагонија?
-
Продажбата на ФК Брегалница – Штип, ги скара власта и опозицијата во градот
-
Преглед на вестите на светот
-
Пченицата ќе се откупува по 12 денари, највисока откупна цена досега, рече Трипуновски
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договори за „One Stop“ систем на Табановце-Прешево