Мицкоски се сретна со европратениците Вајгл, Кукан и Флекејштајн
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес (26 февруари 2018та година) заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на Извршниот Комитет, Драган Данев оствари средба со европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекејштајн.
На средбата се разговараше за актуелните состојби, за застојот со европските интеграции и предизвиците на државата на општетсвен и политички план.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека има целосен застој во поглед на европските интеграции и исклучително низок степен на реализација на владиниот план 3-6-9 што се должи на недоволната посветеност и манифестирањето на неспособност на владата да менаџира со процесите.
Заложбите за интеграција на владата се само декларативни, но не и суштински и остануваат мртво слово на хартија, истакна Мицкоски.
СДСМ ја има одговорноста 9 месеци да управува со државата а нема ниту еден крупен чекор или реформа која е не доближи до целта за отпочнување на преговори со Европската Унија, истакна Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ги запозна своите соговорници со случаите на политички терор спроведуван од власта, посочувајќи дека тоа го отежнува севкупниот абиент на функционирање на државата и го прави невозможен активниот политички дијалог.
Мицкоски зборуваше и за катастрофалната економска состојба и неуспешните економски политики кои негативино се одразуваат врз стандардот на граѓаните.
Во однос на спорот за името ВМРО-ДПМНЕ на средбата ги повтори позициите на партијата кои се јавни и претходно познати.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски изрази благодарност за ангажманот на тројцата пратеници и нивните заложби за откочување на процесот на евроинтеграциите што преставува стратешка заложба на партијата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Родителите на деца со попреченост бараат законски измени и редовни месечни примања
-
Преглед на вестите од светот
-
Тензиите на Блискиот Исток ги вивнаа цените на нафтата и гасот
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Градоначалникот на Кочани поднесе кривични пријави за неколку локали кои се уште работат незаконски
-
Одбраната бара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев и Видевски за убиствата на Вања и Панче
-
Бјере: Моментумот за проширување е тука, искористете го
-
Се уште без договори Таравари со Ахмети, Тачи со Меџити