Македонија
30. јуни 2022 - 16:42

Мицкоски се сомнева на тајни разговори во Софија за македонските идентитет и јазик

Дали предложената амбасадорка во Бугарија Агнеса Руси е една од двајцата блиски соработници на Осамни кои изминатите денови тајно преговара со Софија. Дилемата ја отвори лидерот на опозицијата кој тврди дека деновиве далеку од очите на јавноста се распродава македонскиот идентитет.

-Двајца блиски соработници на Бујар Османи Агнеса Руси и Методија Белевски изминатите денови биле во Софија, дополнително ја повика јавноста и медиумите  да постават прашање до министерот и неговите соработници за нивното присуство и преговарање во Софија. Ниту едниот ниту другиот имаат стратегија пред себе, ниту едниот ниту другиот имаат приоритет да го заштитат македонскиот национален интерес, да го заштитат интересот на македонските граѓани и пред се на македонците, бидејќи во случајот овие тајни разговори се водат  за идентитетот на македонците и тоа е многу важно и треба да се спомене затоа што тука се зборува за македонски јазик, за македонско културно наследство, за македонска историја, за значајни личности од македонската историја тоа е во всушност идентитетот на Македонецот, истакна Мицкоски.

На стартот на дебата за одговорност за спикерот Џафери, Мицкоски вели дека не очекува барањето за интерпелација да добие поддршка, но јавноста треба да го види вистинското лице на првиот човек на Собранието. Токму оваа седница според Мицкоски ќе го спречи донесувањето на спорниот закон за работни односи со кој вели ќе се спречи пензинирање на судии и јавни обвинители блиски до власта

 Лидерот на опозицијата тврди дека струјата за граѓаните од утре ќе поскапи за над18%, а не за 7% како што тврди власта. Само со предвремени избори според Мицкоски државата ќе ги реконструира државните капацитети за да може да обезбеди доволни количини кои ќе спречат нов раст на цената на струјата по нова година.