Мицкоски: Се што не е од интерес на граѓаните ќе биде блокирано
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, при денешната посета на општина Ресен, одговараше на новинарско прашање поврзано со активната блокада и најавените протести за 18-ти јуни и рече дека и понатаму продолжуваат да го блокираат сето она кое не се однесува на граѓаните - повисоки плати, субвенции, повисоки пензии, сето она кое се однесува за тесни партиски интереси како автентичното толкување на законот за игри на среќа, законот за марихуана и ред такви закони од кои што граѓаните нема да имаат никаков бенефит, ќе бидат блокирани.
Ќе продолжиме сето тоа да го блокираме бидејќи огромно мнозинство од граѓаните во Република Македонија мислат дека оваа влада треба да замине и дека Македонија се движи во погрешна насока како број 1, и како број 2 Ковачевски и оваа влада упорно бегаат да седнеме на маса да преговараме за дата за предвремени парламентарни избори, но и за сите актуелни прашања кои што народот ги живее секојдневно а тоа се економската криза, финансиската криза, проблемите во образованието, во здравството итн. Така што, можам да кажам дека продолжуваме во рамките на Парламентот со оваа активна блокада и со организација на големиот масовен собир бидејќи молчењето не е опција. Навистина е премногу ова што го живееме еве речиси пет години, на 1-ви јуни ќе изминат пет години откако беше првата влада на Заев избрана, навистина е премногу и затоа велиме дека треба да излеземе масовно на тој голем граѓански протестен собир на 18-ти јуни и да упатиме една порака која силно ќе одекне и која практично ќе има една цел да покаже дека време на оваа влада одамна измина, народот нема веќе верба, дека оваа влада може било што да стори и дека е време за предвремени парламентарни избори со една нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе може да ја води Македонија напред преку патот на реформи и за подобра иднина на сите граѓани, потенцираше Мицкоски.
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Кривична пријава против четири лица и фирма за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево
-
На жена од кочанско и зел 4000 евра ветувајќи и пензија, па ја прекинал комуникацијата со неа
-
Активни три пожари - кај Винче, на Кожуф и на патот Богданци - Гевгелија
-
ПМФЛ: Победи за Вардар и Работнички
-
Трамп: Путин ме разочара, навистина ме разочара
-
Жител на Чашка измамен за 14 илјади евра, му рекле дека ќерка му имала сообраќајка и треба да се оперира
-
Делови од Карпош и Центар утре без вода
-
Премиера на филмот DJ Ахмет на последниот ден од фестивалот Браќа Манаки