Мицкоски: Работниците заслужуваат подобро
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешната честитка по повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот посочува дека унапредувањето на правата на работниците е константен процес во кој клучна улога има владата на една земја.
- Денес состојбата со работничките права во државава е загрижувачка. Има сериозни информации за непочитување на минималната плата. Недоволно платениот труд исто така преставува проблем кој ги засега работниците. Наспроти ветувањата за зголемување, просечната плата опаѓа, а најсериозно загрозени се земјоделието, рударството и транспортот. Платата не ја покрива потрошувачката кошница на едно семејство, вели Мицкоски.
Лошите условите за работа и мобингот на работните места, како што додава, преставуваат сериозен предизвик кој треба да се решаваат.
- Алармантно е што и покрај ветувањата пред неполна година дека ќе се најде излез се уште нема решение за вработените во Еврокомпозит од Прилеп и Колска од Велес. Администрација е мета на постојани критики, притисоци и партиски реваншизам од страна на власта. Но во суштина нејзината ефикасност зависи пред се од степенот на способност на менаџерите од институциите, наведува Мицкоски во честитката по повод 1 Мај.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека работниците мора да почувствуваат сигурност и заштита, бидејќи заслужуваат подобро.
Ново на Сител
-
Уште два неуспешни обида на Уставниот суд да избере нов претседател, седницата продолжува в понеделник
-
Избори за нов претседател на СДСМ на 30 јуни, конгрес на 9 јуни
-
Мурињо седнува на клупата на Фенербахче
-
Медиуми: Мареска нов тренер на Челзи
-
ЈП Градски паркинг - Скопје од утре со летно сметање за зонско паркирање
-
Лани пријавени 433 деца во судир со законот, 307 осудени
-
Во завршна фаза преговорите за новата Влада
-
АА: Ќе се повлечат од функцијата градоначалник бидејќи ВМРО-ДПМНЕ им вети законски измени